logo
  Политика на приватност

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој го одржува порталот за електронски студентски сервиси - iKnow (интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk), почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци, Законот за високото образование и слични сродни прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на овој портал.
Субјекти на лични податоци
Субјекти на лични податоци при посетата на порталот за електронски студентски сервиси се:

  1. за интернет страницата www.upisi.ukim.mk, сите кандидати кои сакаат да се запишат на прв или втор циклус на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава
  2. за интернет страницата www.iknow.ukim.mk, сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот, а кој го користат системот iKnow за електронска поддршка за работењето на студентските служби. Личните податоци кои се појавуваат на оваа интернет страница се прибрани при запишувањето на субјектот, било електронски преку интернет страницата www.upisi.ukim.mk во фазата на елктронското пријавување, било со поднесување на соодветна документација на службата за студентски прашања на соодветната институција каде субјектот има статус на активен студент.
Формално-правна оправданост
Согласно Законот за високото образование, Универзитетот е должен, во процесот на вршење на наставно-образовната дејност да води и електронска евиденција на студентските досиеа во текот на студирањето и потоа. Личните податоци кои субјектите ги внесуваат на споменатиот портал се точно определени во Законот за високото образование, а опфаќаат: генералии на студентот, националност, државјанство, податоци за претходно завршено образование и постигнат успех; доколку кандидатот се стекне со статус на активен студент: студиските програми спред кои посетувал настава и постигнатите академски резултати, определени финансиски податоци поврзани со студирањето и сл.
Рокови на чување на податоците
Личните податоци кои кандидатите за запишување на Универзитетот ги внесуваат на интернет страницата www.upisi.ukim.mk се чуваат сѐ до завршувањето на тековниот уписен рок, согласно термините специфицирани во соодветниот Конкурс. Притоа, доколку кандидатот се стектнал со право на студирање, неговите лични податоци се користат за оформување на неговото електронско студентско досие, кое се ажурира во текот на студирањето, а после завршувањето, се чуваат на начин, во форма и со рок определени согласно Законот за архивски материјал, односно Законот за високото образование. Мета-податоците - логовите, кои се однесуваат на безбедноста на личните податоци се чуваат една година. Податоците за кандидатите кои не успеале да се запишат се обезличуваат (се уништуваат личните податоци, така што податоците кои се чуваат не можат да се поврзат со конкретна индивидуа) во рок не подолг од девет месеци по завршувањето на соодветниот уписен рок и понатаму се користат исклучиво за спроведување на определени статистички анализи релевантни за оценувањето на интересот на кандидатите, спроведувањето на уписната политика и сл.
Заштита на личните податоци
Личните податоци на субјектите на лични податоци се чуваат со почитување на сите организациски и технички мерки за заштита при обработката на личните податоци, а посебно вклучуваат:

  • авторизација на секоја најава на порталите со идентификување на лицето кое пристапило со корисничко име и лозинка која ги зодоволува соодветните барања за комплексност, рок на важење и сл.;
  • евиденција (логување) на секој поединечен пристап/измена/бришење на било каков податок за секој субјект на лични податоци, со датум и време, IP адреса од која е направена акцијата, корисничко име на лицето кое ја направило акцијата и сл.;
  • пренос на сите податоци преку јавните комуникациски мрежи со користење на современи комуникациски протоколи кој обезбедуваат безбеден пренос во смисла на спречување на увид, измена или губење на податоците (во криптирана форма);
  • почитување на високи норми на електронска и физичка безбедност на електронската опрема и медиумите на кои се чуваат личните податоци;
  • обезбедување на можност за пристап и обработка на личните податоци само од страна на точно определени и за тоа овластени лица, кои се запознаени со актуелната законска регулатива во доменот на заштитата на лините податоци;
  • ставање во сила на безбедносни политики кои гарантираат навремено пријавување и евидентирање на безбедносни инциденти и справување со нив;
  • други мерки и активности.

Субјектите на личните податоци преку споменатите интернет страници имаат увид во своите лични податоци. Тие имаат право и обврска да ја проверуваат нивната точност и да бараат кај студентските служби (по можност со користење на самиот електронски систем) доведување на сите податоци во ажурна состојба.
Колачиња на Интернет пребарувачот
Порталот на електронски студентски сервиси користи колачиња (cookies) за да се зачуваат определени кориснички поставувања со цел поедноставување на интеракцијата со поедини делови на страницата. Интернет пребарувачот на посетителот на страниците може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а истите во секој момент можат да бидат избришани од сметачот на посетителот. Колачињата во некои случаи се потребни за правилно функционирање на интернет страниците.

Развиено од Неоком, правата припаѓаат на УКИМ, сите права се заштитени.