Универзитет „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - Скопје
ukim iKNOW
Универзитет „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - Скопје

Се наоѓате на новата, редизајнирана страница за најава на iKnow системот за електронска поддшка на уписите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е активен Вториот уписен рок за пријавување на кандидати на ПРВ циклус на студии во учебната 2015/16 година, како и Уписниот рок за студенти во рамките на проектот 30/35. Факултетите ќе го активираат уписниот рок во iKnow откако ќе имаат точна бројка за преостанатите слободни места по студиски програми, односно откако ќе заврши уписот на студентите од првиот уписен рок, така што во прво време можеби нема да се јавуваат сите факултети за избор во пријавата. Доколку саканиот факултет го нема во листата, обидете се повторно подоцна. Електронското пријавуавње трае сè до самиот ден на поднесување на документи.

Потсетуваме дека најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во првиот уписен рок, бидејќи корисничките имиња ќе бидат избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот - не отварајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè до поднесување на докумнентите на деновите на упис.

За пријавување на проблеми во врска со регистрацијата и пополнување на пријавата (отворање тикет), користете го овој линк и притоа изберете го соодветниот факултет во полето УКиМ-членка. По успешна регистрација и активирање на вашиот кориснички профил во iKnow системот, пристапот кон тикетинг системот можете да го направите и по најавувањето со следење на линкот „Пријави неправилности“.


© 2015 - Универзитет св. „Кирил и Методиј“ - Скопје Политика за приватност.